Грант од 6 милиони евра од ФИТР за микро, мали и средни фирми

144

Шест милиони евра за нова современа опрема им стојат на располагање на компаниите преку Фондот за иновации и технолошки развој. Половина од овие средства ќе бидат доделени како по скратена постапка за фирми кои веќе аплицирале за грант, ги поминале проверките, но комитетот не им одобрил пари. Останатите пари се наменети за компании кои првпат  аплицираат.  На повикот за грант може да се јават сите микро, мали, средни претрпијатија и приватни здравствени установи.

Одлуките за тој кој се ќе добие пари за повикот по скратена постапка ќе бидат донесени пред да се распушти Собранието поради изборите, а за фирмите кои ќе аплицираат по редовна постапка ќе се донесат по завршување на изборниот циклус.

Рокот за аплицирање по скратена постапка е до 27 декември, а за редовна до 5 ти февруари.

Повеќе како да аплицирате за неповратните средства на Фондот за иновации можете да прочитате на следниот линк