Енергетските гиганти се подготвуваат за пад на цените на нафтата и до 10 долара за барел

Ниските цени на нафтата кои во периодов се движат од 20-30 долари за барел ги натераа многу нафтени компании  да ги намалуваат трошоците. Но, кратењето на трошоците и намалувањето на производството на нафта се чини дека ќе продолжат, со глед на проценките на JBC Energy кои укажуваат дека ако продолжат овие услови, сосема е возможно цената на Брент нафтата да падне и до 10 долари за барел, што не се има случено од 1989 година, објавува OilPrice.

Англо-холандската Royal Dutch Shell изјави дека планира годинава да ги намали трошоците за околу 20% или за около 5 милијарди долара.

Исти потези најавија и францускиот нафтен гигант Total SA и норвешката Equinor, американските ExxonMobil и Chevron.
Goldman Sachs неодамни изјави дека на Chevron му е потребна цена на нафтата од 50 доларти за барел за да ги покрие расходите и да исплати дивиденса, додека ExxonMobil има потреба од цена на нафтата од 70 долари за барел.

Светот се наоѓа во период на историски најголем пад на нафтата предизвикан од забавената економска активност заради пандемијата од коронавирусот и намалената побарувачка за нафта.

Какви и да се прогнозите, цената на нафтата губи смисла ако луѓето не возат, не летаат и не трошат.

Goldman Sachs вели дека по првиот круг намалување на трошоците за 45% во споредба со 2019 година, ќе следи и втор круг на кратење на трошоците кај нафтените гиганти.