Зделката е вредна 3,8 милијарди евра, новиот глобален играч ќе има комбинирани приходи од над 22 милијарди евра и продажба од над 540 илјади единици.
Предложеното преземање ќе се изврши преку доброволна јавна понуда за преземање по цена од 14,1 евра по акција, под услов да добие регулаторно одобрение и да се заврши одвојувањето на одбранбениот оддел, пишува trans.info.
Индискиот Tata Motors има намера да ги спои операциите за комерцијални возила на Iveco Group со своите, формирајќи нов глобален играч со годишна продажба од околу 540.000 единици и комбинирани приходи од приближно 22 милијарди евра. Новиот ентитет ќе има учество низ Европа (50%), Индија (35%) и Америка (15%), со дополнителни позиции во Азија и Африка.
Според договореното, седиштето на Iveco ќе остане во Торино, а не се планирани затворања на фабрики или намалување на работната сила најмалку две години по спогодбата.
Трансакцијата има поддршка од одборот на Ивеко, кој едногласно ја препорача понудата до акционерите. Ексор, најголемиот акционер на компанијата со 27,06% од акциите и над 43% од правата на глас, неповратно се обврза да ги понуди своите акции и да го поддржи предлогот.
“Спојувањето ќе ни овозможи подобро да им служиме на нашите клиенти со пошироко, понапредно портфолио на производи и да им обезбедиме долгорочна вредност на сите засегнати страни“, изјави Олоф Персон, извршен директор на Ивеко.
Натарајан Чандрасекаран, претседател на Тата Моторс, додаде:
„Ова е логичен следен чекор по одвојувањето на бизнисот за комерцијални возила на Тата Моторс и ќе ѝ овозможи на комбинираната група да се натпреварува на вистински глобална основа со два стратешки домашни пазари во Индија и Европа“.
Паралелно, Ивеко склучи договор со Леонардо за продажба на својот бизнис за одбрана, вреден 1,7 милијарди евра. Се очекува приходите од оваа продажба да резултираат со извонредна дивиденда за акционерите, проценета помеѓу 5,5 и 6,0 евра по акција.
Договорот за преземање беше објавен заедно со резултатите од вториот квартал на Iveco Group, кои покажаа пад на приходите и профитабилноста во споредба со истиот период во 2024 година. Нето приходите се намалија на 3,78 милијарди евра во вториот квартал од 2025 година, што е намалување од 3,92 милијарди евра една година претходно. Прилагодениот EBIT се намали на 215 милиони евра од 295 милиони евра, а прилагодениот нето приход се намали на 106 милиони евра од 182 милиони евра.
Поради континуираната нестабилност на пазарот во сегментот на лесни возила и пошироките макроекономски неизвесности, Ивеко ги ревидираше своите насоки за целата 2025 година надолу. Прилагодената EBIT на групата сега се предвидува да биде помеѓу 880 и 980 милиони евра, што е намалување од претходниот опсег од 980 милиони евра до 1,03 милијарди евра. Се очекува индустриските нето приходи да се намалат за 3-5% во споредба со 2024 година.
Европскиот производител на комерцијални возила Iveco е формиран во 1975 година со спојување на пет брендови аз комерцијални возила од Германија, Италија и Германија. Iveco има 27 производствени погони и 6 истражувачки центри лоцирани во 16 земји. Надвор од Европа, компанијата работи во Кина, Русија, Јужна Африка и Латинска Америка.
Tata Motors е индиска компанија од автомобилската индустрија која произведува автомобили, камиони, комбиња и автобуси. Позначајни подружници на компанијата се британскиот „Jaguar Land Rover“ и јужнокорејскиот „Tata Daewoo“. „Tata Motors “ е основана во 1945 година како производител на локомотиви. Во секторот за комерцијални возила влегла во 1954 година, по аедничкото вложување со германскиот „Mercedes-Benz“.