Најголемиот европски производител на автомобили Volkswagen го зголеми својот профит во изминатата фискална година и покрај војната во Украина и енергетската криза. Сепак, тесните грла во снабдувањето влијаеше на готовинскиот тек, кој беше под проекциите.
Заработката на Volkswagen минатата година се зголеми за 12,5%, на 22,5 милијарди евра.
Производителот на автомобили има раст и во продажбата на автомобили која лани достигна 279 милијарди евра, зголемувајќи ја продажбата од 250 милијарди евра во 2021 година.
Испораките на Volkswagen Group биле зголемени за 12% во втората половина на 2022 година, но испораките за цела година беа најниски во повеќе од една деценија бидејќи карантините заради Ковид 19 во Кина и војната во Украина ги попречија синџирите на снабдување.
Главниот финансиски директор Арно Антлиц изјави во октомври дека производителот на автомобили има 150.000 недовршени возила на залиха и дека складира залихи за да се заштити од понатамошни недостатоци, зголемувајќи ги цените и намалувајќи ги трошоците за да ја надомести помалата продажба на автомобили.
Volkswagen, исто така, предупреди во јануари дека изгледите за 2023 година остануваат заматени од слабите економии и недостигот на синџирот на снабдување.
Извор: Reuters