Изминатата 2019 година од Македонија било извезено овошје во вредност од 51,1 милион евра,  што е раст од 25,9% во споредба со претходната 2018 година кога биле извезни овошја во вредност од 40 милиони евра.

Најголем извозен пазар за македонското овошје според вредноста на остварениот приход била Русија, каде лани е реализиран извоз вреден 16,3 милиони евра или 28,4 илјади тони овошје, што е дури една третина од вкупниот извоз на овошје.
Втор најголем извозен пазар е Србија, каде минатата 2019 година бил реализиран извоз на овошје во вредност од 7,36 милиони евра или 14,4%.

Трета е Бугарија каде лани било извезено овошје за 4 милиони евра. Но, гледано количински, според податоците од Државниот завод за статистика, во Бугарија лани бил остварен најголем извоз на овошје од 44 илјади тони.
Во Косово лани биле извезени овошја10.646 тони овошје во вредност од околу 3,5 милиони евра.
Ирак е петти најголем пазар за македонското овошје. Лани во Ирак биле извезени 14,2 илјади тони овошје во вредност од 2,5 милиони евра.

Вкупната вредност на извозот на овошје во земјите од Европската унија лани изнесува 15,3 милиони евра.


Кое овошје најмногу се продава на странските пазари?

Најизвезувано овошје лани биле јаболките од чиј извоз се заработиле околу 18,4 милиони евра. Извозот на јаболки лани е зголемен за дури 120% во споредба со 2018 година, кога извозот на јаболка изнесуваш само 8 милиони евра.

Свежото грозје е второ најизвезувано овошје, од чиј извоз лани е остварен приход од 12,5 милиони евра. Извозот на грозје лани бил помал за околу 6% во споредба со претхпдната 2018 година.

Следат праските чиј извоз лани изнесувал 5 милиони евра и бележи раст за околу 30%.  Околу 5 милиони евра лани изнесувал и извозот на разни компоти од овошје и замрзнато овошје.

Голем раст од 75% лани имало и кај извозот на цреши, кој изнесувал околу 2,2 милиони евра. Од извоз на лубеници лани се заработени 1,9 милиони евра и извозот на лубеници бележи годишен раст од 40%.
Извозот на сливи изнесувал околу 1,7 милиони евра и бележи намалување од околу 30%. Околу 1 милиони евра изнесувал извозот на кајсии, кој исто така бележи голем раст вооднос на 2018 година кога извозот на кајсии изнесувал околу 380 милиони евра.