Како да се подготвите за успешен саем?

Саемите се одличен начин за нови контакти, како со клиенти и со крајните корисници, така и со други деловни партнери со кои би можеле да соработувате. Но, во исто време, саемот е одличен начин да дознаете за вашите сопствени производи, за вашиот бренд и да се соочите со можностите навашата компанија.
Саем (expo, trade fair) е организирана изложба на која деловните претприемачи ги презентираат производите и / или услуги со цел да ги запознаат крајните корисници и деловни партнери (трговци и дистрибутери) со нивните производи и нивните можности, да се запознаат нови трендови на пазарот, како и да се запознаат со конкурентните производи и / или услуги.

Најважните предности од посета и изложување на производите и услугите на саеми се:

  • директно влијание врз посетителите,
  • можност за директна продажба (директен маркетинг),
  • можност за вмрежување со потрошувачи и деловни партнери,
  • запознавање и учење за конкурентни производи,
  • запознавање со целниот пазар,
  • привлекување на нови клиенти,
  • претставување на нови производи,
  • можност за ширење на пазарот,
  • создавање на позитивна слика во јавноста за вашиот бренд,
  • медиска експонираност.
 Совети за успешен саемски настап
  • изберете го вистинскиот саем за презентирање на производот што одговара на целната популација на брендот,
  • одредете ја целта што компанијата планира да ја постигне на саемот (на пр. профит, дополнителна експонираност брендот, лансирање на нов производ …),
  • бидете информирани за саемот на кој планирате да одите и да изберете позиција за штанд во согласност со потребите и буџетот на компанијата,
  • одредете буџет предвиден за саемот (изнајмување на штанд, дизајн на штанд, промо материјал, патни трошоци …),
  • објавете го учеството на саемот на веб-страницата и страниците на социјалните мрежи на компанијата,
  • подгответе подароци и промотивен материјал за дистрибуција до деловни партнери и крајните корисници (деловни картички, летоци, каталози, како и календари, торби, пенкала и сличен материјал со печатено лого),
  • подгответе купони со попусти, ваучери и примероци за подароци (дегустации, или промо пакувања),
  • соберете што е можно повеќе информации од потенцијални деловни партнери (преку визит картички, формулар за дистрибуција на промотивни материјали во кои ќе ги запишете вашите e-mail контакти или телефонски броеви, итн.).

Задолжително набљудувајте ја конкуренцијата и присуствувајте на нивната презентација за да видите кои се вашите јаки, а кои слаби страни, закани и можности. Врз основа на конкуренцијата, ја утврдувате и позицијата на вашата компанија и производот на пазарот.

Со цел да се истакнете и да бидете особено забележани на саемот, креирајте неверојатен и привлечен дизајн на штанд каде што ќе ја презентирате стоката.
Исто така, промотивниот материјал што го споделувате треба да биде привлечен и нешто што на посетителите ќе им биде корисно.

Важни елементи при учество на саем

Изберете саем што одговара на она што го работите и што може да се вклопи во буџетот на вашата компанија. Раното резервирање на местото на настанот е многу важно бидејќи 45% од учесниците се незадоволни од штандот. Одредете го просторот предвиден за дискусии со особено заинтересираните партнери. Презентерите на саемот треба да бидат длеовно облечени и да носат ознаки со основни информации за компанијата.

По завршувањето на саемот, промотивните активности секако не се завршени. Една од најважните цели е собирање на најразлични типови на информации, така што тие информации и контакти треба да ги користите веднаш по саемот, додека вашите деловни партнери се уште се под впечаток на вашиот бренд и настапот на саемот.
Успехот на саемот ќе го оцените врз основа на бројот на контакти остварени по саемот. Бројот на посетители на штандот, како и впечатокот на посетителите, е показател за успехот на саемот.
Секој момент кога присуствувате на саеми е многу важен и обидете се да го искористите максимално.