Најновите ковид карантини и ограничувања во Кина имаат поголемо влијание врз глобалните синџири на снабдување отколку војната во Украина и ќе се почувствуваат дури и откако ќе бидат укинати, смета шефот на товарниот бизнис на Deutsche Post DHL Group.
Кина ги обнови заклучувањата за Ковид-19 во главните центри во март и април, погодувајќи го производството и потрошувачката и зголемувајќи ги ризиците за делови од глобалната економија кои силно зависат од земјата.
„По отворањето, најверојатно ќе се формира сообраќаен метеж пред американските и европските пристаништа“, изјави Тим Шарват од DHL за Ројтерс, додавајќи дека „ќе биде потребно подолго време отколку што мислевме додека трговскиот систем повторно не се нормализира“.
„Кина е работната маса на светот“, рече Шарват. „Сите производи од високата технологија до модата се засегнати од случувањата во Шангај“, рече тој, додавајќи дека брзината со која Кина ги укинува сите ограничувања ќе биде клучна.
Пратките вообичаено пристигнуваат во Европа и Северна Америка малку по малку, рече Шарват, додавајќи дека наплив од контејнери може да ги преоптовари пристаништата, освен ако Кина постепено не ги прекине заклучувањата.
Според последните информации, Кина планира да на 1 јуни повторно да го отвори целосно пристаништето во Шангај, што се очекува да создаде големи гужви за испорака на заостанатите пратки низ светот.
Пристапот на нулта толеранција кон Ковид 19 прави голема штета на втората по големина економија во светот, а со оглед на фактот што Шангај е најголем трговски и финансиски центар во Кина и најголемо товарно пристаниште во светот.
Извор: Reuters