5.8 C
Skopje
среда, февруари 18, 2026

Компаниите ќе можат да добијат поволни кредити до 300.000 евра за дигитална трансформација

Директорот на Развојна банка на Северна Македонија – Кире Наумов, заедно со  премиерот на Владата на Република Северна Македонија – Димитар Ковачевски и  амбасадорката на Швајцарија  Вероник Улман Марти, ја промовираа новата Кредитна линија за дигитализација и дигитална трансформација.

Развојната банка на Северна Македонија поведе иницијатива за воведување на оваа кредитна линија уште во текот на 2022 година. Следејќи ги потребите на компаниите, со поддршка на Програмата за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ, поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), а врз основа на добиените анализи од студијата,банката во каталогот на свои производи ја воведе новата кредитна линија.


Кредитната линија ќе се реализира преку квалификувани банки-учеснички.Таа е креирана со цел да им овозможи на компаниите поволна кредитна поддршка при реализација на проекти за дигитализација и дигитална трансформација.За реализација, на располагање се ставени сопствени средства на Развојната банка.


Корисници на кредити од кредитната линија за дигитализација и дигитална трансформација преку банки-учеснички можат да бидат микро, мали и средни трговски друштва. Каматната стапка до крајните корисници е до 2,9%.


Компаниите ќе можат да аплицираат за максимум 300.000 евра за основни средства до 8 години, со вклучен грејс период до 12 месеци, и максимум 100.000 евра за обртни средства до 5 години, со вклучен грејс период до 6 месеци.


Развојната банка како и до сега, така и во иднина, континуирано ќе ги прилагодува своите производи во насока на поддршка на компаниите во новонастанатите услови на работење – истакна директорот Наумов.


Повеќе информации за кредитната линија.

ПОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Ве молам внесете го Вашето име тука:

- Advertisment -

НАЈЧИТАНИ

Македонија и САД ќе договараат нов договор за реципрочна, фер и...

Со Договорот ќе се утврди кои македонски производи ќе имаат пристап до американскиот пазар со помали ацрински стапки од основната стапка од 15%, а...
error: Content is protected !!