KOSTAL MACEDONIA како компанија која е препозната по својата корпоративно – општествена одговорност и секогаш е во мисија на подршка за поквалитетно образование на младите генерации на инженери во Македонија, денес донираше опрема и сервисни услуги во висина од над 20.000 евра, наменета за Лабораторијата за мехатроника при Институтот за механика на Faculty of Mechanical Engineering at Ss.Cyril and Methodius University of Skopje. Покрај споменатото, донацијата содржи и ИТ опрема, наменета за потребите на целата институција.
 
Од денес, оваа лабораторија на Машинскиот факултет во Скопје повторно ќе има уреди кои ќе се користат во наставно – научни цели, односно индустриски роботи од германскиот бренд KUKA, на кои новите генерации на машински инженери ќе го применуваат и натаму продлабочуваат стекнатото теоретско знаење, остручувајќи се за своите идни работни места.


Во рамките на оваа соработка, искусните професионалци од KOSTAL Group, во соработка со наставниот кадар на Faculty of Mechanical Engineering at Ss.Cyril and Methodius University of Skopje ќе учествуваат во креирање на програми и вежби, како и стекнување на релевантни знаења и вештини, прилагодени кон потребите за работа во технолошко-напредно производство во автомобилската индустрија. 
Освен тоа, оваа лабораторијата ќе биде место каде поискусни колеги, вработени во KOSTAL MACEDONIA ќе учествуваат и соработуваат со студентите за време на лабораториските вежби, пренесувајќи дел од своите практични искуства на студентите.


 
Од името на KOSTAL MACEDONIA опремата ја донираа г-дин Кристофер Сандерс, Извршен потпретседател на Групацијата КОСТАЛ и г-дин Viktor Mizo, Генерален директор на KOSTAL MACEDONIA. Опремата, во името на Машинскиот факултет од Скопје ја прими Деканот на факултетот, г-дин Darko Danev.

Денашната донација е продолжување и продлабочување на соработката помеѓу KOSTAL MACEDONIA и Faculty of Mechanical Engineering at Ss.Cyril and Methodius University of Skopje, која се остварува на повеќе полиња, почнувајќи од можноста за летна пракса на студентите, преку гостувања на менаџери и професионалци на предавата во текот на студиската година, па се отворените можности за вработување во Компанијата како инженери на тренинг, работејќи со најсовремени технологии во областата на мехатрониката, автоматиката и роботикa.