Македонија има лоша и неквалитетна железници, поради децениското запоставување и недостигот на инвестиции. Тоа го покажува и новата мапа која го прикажува квалитетот на железничката инфраструктура низ Европа. Оваа мапа покажува дека Македонија е меѓу земјите кои имаат најлоши железници.

Според мапата креирана од “Very Useful Maps”, квалитетот на железницата во Македонија на скала од 1 до 6 е оценета со двојка, иста оцена како и железниците во Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Романија.

Убедливо најлоша железница во цела Европа има Албанија, која е оценета со единица.

Швајцарија е земја со најдобра железница и е единствена земја која е оценета со највисоката оценка шест.