Компаниите оптоварени со долгови ширум Европа, Блискиот Исток и Африка се соочуваат со борба за рефинансирање од 500 милијарди долари во првата половина на 2024 година, предизвик што може да убие многу „зомби“ бизниси.
По долгиот период на ниски каматни стапки, многу бизниси се соочуваат со зголемени трошоци за отплата на долговите и ќе мора да се натпреваруваат за да обезбедат доволно готовина за рефинансирање.
Анализата на консултантската компанија за реструктуирање Alvarez & Marsal (A&M), споделена со Ројтерс, покажува дека вредноста на компаниските заеми и обврзници што доспеваат во следните шест месеци е повисока од кој било друг период досега.
Неуспехот да се обезбеди готовина што им е потребна по каматни стапки што можат да си ги дозволат, може да доведе до несолвентност и отпуштања.
Зголемувањето на каматните стапки станува се повеќе и повеќе проблем за компаниите, особено оние “зомби” бизниси кои се oдржуваа во период на ниски каматни стапки, но едвај можат да го сервисираат својот долг“, пишува Ројтер, повикувајќи се на експерти за реструктуирање.