Фото: Freepik

Во вториот квартал од 2023 година, шести квартал по ред се зголемува бројот на стечај на бизнисите во ЕУ, покажуваат податоците кои ги објави Еуростат.

Споредено со претходниот квартал, бројот на фирми во банкрот е зголемен за 8,4% и со тоа достигна највисоко ниво од почетокот на собирањето на податоците во 2015 година.

Кога станува збор за регистрациите на нови бизниси, во споредба со претходниот квартал, по порастот од 2% во првиот квартал од годината, тие се благо намалени за 0,6% во вториот квартал од 2023 година.

Бројот на стечаи се зголемени најмногу кај услугите за сместување и храна во вториот квартал од 2023 година.

Гледано по дејност, кај сите сектори на економијата е забележан пораст на бројот на стечаи во вториот квартал од 2023 година во однос на претходниот квартал. Услуги за сместување и храна (+23,9%), транспорт и складирање (+15,2%) и образование, здравство и социјални дејности (+10,1%) се секторите со најголем пораст на бројот на стечаите во вториот квартал од 2023 година во споредба со претходниот квартал.

Споредено со четвртиот квартал од 2019 година пред пандемијата, бројот на прогласени стечаи во вториот квартал од 2023 година е поголем во повеќето сектори во економијата. Најголем пораст на бројот на стечајци, споредено со четвртиот квартал од 2019 година, е забележан кај услугите за сместување и храна (+82,5% и превоз и складирање (+56,7%).
Спротивно на тоа, во вториот квартал од 2023 година, имаше само два сектора во економијата каде што бројот на прогласени стечај беше помал отколку во четвртиот квартал пред пандемијата од 2019 година: индустрија (-11,5%) и градежништво (-2,7%) ).