„Алкалоид“ беше прогласен за водечки инвеститор во регионот на Западен Балкан од страна на Western Balkans 6 Chamber Investment Forum. Во изминативе 5 години, компанијата инвестираше 104,1 милиони евра во земјите во регионот, интегрирајќи ги своите деловни операции.

Живко Мукаетов, претседател на управниот одбор и генерален директор на Алкалоид вели дека регионот има големо значење за компанијата, а инвестициите се само еден показател за тоа.

За време на деветдецениското работење, Алкалоид како компанија поминувала низ многу предизвици, но секогаш константа биле инвестициите. “Во последните три децении се посветивме на континуирано инвестирање во проширување на производните погони, во нови технологии, во истражување и развој, и секако, во добри и квалитетни кадри”, вели Мукаетов.

Во последните пет години, вели Мукаетов, посебно инвестиравме во регионот, кој ние во Алкалоид го третираме и доживуваме како домашен пазар.

Со овие инвестиции од 104,1 милиони евра покажуваме колку ни значи регионот. Мислам дека треба заеднички да ги бараме синергиите кои може да си ги пружиме едни на други за да бидеме поконкурентни, заедно да инвестираме, да градиме и да направиме влијание за да ги задржиме младите луѓе да останат тука во Македонија и рагионот, со целото нивно знење кое го имаат, за да може нашите компании заедно со нив да одат напред. Потребни ни се што повеќе отворени средби, што повеќе разговори и вмрежување со цел заеднички да градиме додадена вредност. Ако се отвориме едни кон други, мислам дека можеме сериозно да одиме напред и да покажеме дека во овој регион има капацитет и  знаење и дека можеме да создаваме многу, многу поголема додадена вредност”, вели Мукаетов.