Македонската компанија за производство на месни преработки “Пекабеско” изминатата 2022 година ја заврши со раст на продажбите и поголема профитабилноста.
Според неревидираните консолидирани извештаи објавени на Македонската берза компанијата Пекабеско во 2022 година работела со вкупни приходи од продажба од 85,9 милион евра, кои се за 10% поголеми во споредба со 2022 година.
Најголемиот дел од приходите од продажба на Пекабеско или 87% се остварени од продажби на домашниот пазар, кои во 2022 година се зголемени за 11% и изнесувале 74,7 милиони евра.
Приходите од продажба на странски пазари на Пекабеско во изминатата 2022 година се зголемени 7%, достигнувајќи 11,1 милиони евра.
Оперативните расходи на Пекабеско во 2022 година бележат раст од 10%, и изнесувале близу 85,3 милиони евра.
Во 2022 година компанијата Пекабеско работела со оперативна добивка од 1,94 милиони евра, која е за 30% поголема во споредба со истата остварена во 2021 година.
Од компанијата информираат дека во 2022 година инвестирале 90 милиони денари, главно во во производствена, транспортна и компјутерска опрема, како и во земјиште.
Компанијата Пекабеско е меѓу 100-те најголеми извозници во земјата, која според извозот во 2021 година се најде 62-то место на листата ТОП 100 Извозници.