Стопанската комора на Северна Македонија, во рамките на Проектот „ЕЕН“ и во соработка со Нордискиот саем за органска храна и со „Еколивинг Скандинавија“, ве покануваат да учествувате на саемот кој ќе се одржи во Малме, Шведска, на 16 и на 17 ноември 2022 година. 

Овој саем е вистинското место за средба на купувачите и на производителите кои имаат дејност во одржливата и во органската индустрија, бидејќи постои можност за поврзување со бизнис-партнери на однапред закажани бизнис-средби, што би придонело за интернационализација на вашиот бизнис. 

Саемот ви ги нуди следните можности:

–    да се сретнете со производители/купувачи кои ќе им одговараат на вашите потреби;

–    однапред да закажете состаноци со потенцијални бизнис-партнери, искусни во индустријата на храна и пијалаци, екоживеење, козметика, убавина и на природно здравје;
–    да ја развиете својата бизнис-мрежа;
–    да го споделите своето искуство со меѓународната бизнис-мрежа;
–    да бидете во тек со пазарните трендови и да детектирате технолошки иновации.

Учеството на настанот е бесплатно, со претходна задолжителна регистрација за сите учесници на следниот линк: https://noff-and-els-matchmaking-2022.b2match.io/home.
Дополнителни информации за закажување Б2Б-состаноци со потенцијални бизнис-партнери се достапни на следниот линк: https://noff-and-els-matchmaking-2022.b2match.io/page-2341.
Трошоците за превоз и за сместување ќе бидат на товар на самите компании/учесници.

Зошто да го посетите овој настан?

Ќе се запознаете со повеќе од 500 производители на природна и здрава храна и пијалаци, козметика и на производи за убавина, вклучувајќи и најдобри понуди од Нордискиот Регион, меѓународни брендови, но и интересни стартапи. Нордискиот саем за органска храна е најголемиот сертифициран настан за органска храна и пијалаци во овој регион, додека, пак, „Еколивинг Скандинавија“ е најголемиот настан за одржливост во Нордискиот Регион, кој се залага за природно здравје, убавина и за одржливо живеење. 

Повеќе информации за саемот можете да најдете на следниот линк.