Ова е трета година по ред за Ауди, кој е дел од Volkswagen групацијата, првата половина од годината да е полоша од претходната.

Царините на претседателот Трамп, трошоците за реструктуирање на компанијата и слабото работење во Кина предизвикаа пад на профитот на Audi во првата половина од годината.
Audi, која е дел од групацијата Volkswagen, која исто така ги поседува Bentley и Lamborghini, објави пад на профитот од 37,5% на 1,3 милијарди евра. Ова е трета година по ред во која првата половина од годината е значително полоша од претходната година.

Audi, исто така, ја намалува својата прогноза за тековната година. Очекувањата за приходи се намалија за 2,5 милијарди евра на помеѓу 65 и 70 милијарди евра, а се очекува и профитабилноста да биде значително помала.
Сепак, ова сè уште не го зема предвид царинскиот договор на ЕУ со САД. Компанијата во моментов ги оценува ефектите, но генерално е задоволна што Договорот би требало да донесе поголема предвидливост.

Само американските царини, кои беа зголемени напролет, го чинеа Audi околу 600 милиони евра во првата половина од годината.
Audi, кој, за разлика од конкурентот BMW, нема сопствена фабрика во САД, не ги префрли дополнителните трошоци предизвикани од царините на своите американски клиенти.

Од Audi ги наведуваат трошоците за реструктуирање на групацијата како друга причина за падот на профитот.
Audi неодаммна објави дека ќе намали 7.500 работни места во Германија до 2029 година и веќе издвои 600 милиони евра за отпремнини.

Сегашните бројки покажуваат „колку е неопходна започнатата трансформација“, нагласуваат од компанијата, нагласувајќи дека имаат за цел да заштедат повеќе од една милијарда евра годишно.

Продажбата н Audi се намали во првата половина од годината, особено во Кина, но и во САД.
И двата пазари во моментов се предизвикувачки за многу производители на автомобили. Во Кина, жестоката ценовна конкуренција продолжува, особено во електричниот сегмент.