Државната развојна банка ги подобри условите за осигурување на побарувањата кои компаниите ги имаат на странските пазари, но и домапниот пазар. Преку осигурувањето на побарувањата од комерцијални и политички ризици, извозните компании можат да ги намалат ризиците во трговијата, кои се особено зголеем,ни во време на пандемијата од Ковид 19.
Од Развојната банка велат дека во 2019 година се осигурани побарувања во вредност од 52 милиони евра и се поддржани 56 домашни компании да извезуваат во странство.
Најмногу осигурани извозни побарувања имало од Германија (9,5 милиони евра),Франција (4,8 милиони евра), Холандија (4,3 милиони евра) и 20,2
Осигурувањето кое го нуди Развојаната банка покрива осигурување на побарувањето на краток рок од комерцијаленни ризици (кога компанијата не плаќа заради неликвидност или стечај) и политички ризици (кога купувачот не плаќа поради некои ризични случувања во земјата како војна, непогоди, немири).
Повеќе за процедурата и трошоците за осигурување на побарувањата можете да прочитате на следниот линк.
Осигурувањето на извозот е еден од инструментите со кои се намалува ризикот на извозните компании и им помага да бидат поконкурентни и поликвидни.
Многу држави во светот активно го користат овој инструмент преку државните развојни банки за да им помогнат на извозниците да го зголемат извозот, посебно во време на криза, нудејќи им осигурување на извозните побарувања на поголеми износи и со помали трошоци.
Колку за споредба, во Словенија преку државната институција за поддршка на извозот СИД, која има делку поголем капитал и потенцијал за поддршка, годишно се осигурува околу 20% од вкупниот словенечки извоз.
За разлика од Словенија, преку нашата државна развојна банка низ годините наназад се осигурува од 0,5% до 1% од вкупниот македонски извоз.