Русија се соочува со сериозен недостиг на еден од најконзумираниот зеленчук-белата зелка, а како резултат на тоа цените на зелката веќе ги соборија рекордите за овој период од годината и продолжуваат да растат, пишува специјализираниот портал EastFruit.

Вообичаено, цените на зелката во Русија се многу ниски во овој период од годината и имаат тенденција да опаѓаат до средината на декември. Сепак, во 2021 година, зелката во Русија почна да расте во средината на ноември, па дури и одгледувачите беа изненадени од порастот на цената. Цената на големо се зголеми за 40% за 4 недели и сега го надминува минатогодишното ниво за 4 пати повеќе од просекот.

Во Русија, според следењето на цените на APK-Inform: сега може да се купи зелка на големо не поевтино од 33-35 RUB/kg (0,45-0,48 $/kg), а во некои региони и врвен квалитет зелката понекогаш се продава дури и по 40-45 RUB/kg (0,54-0,61 $/kg).

Со оглед на тоа што зимата допрва почнува, аналитичарите предвидуваат дека може да се очекуваат нови ценовни рекорди за цените на зелката.

За да го надомести акутниот недостиг на зелка, Русија веќе ја увезува од сите можни земји, пред се од Белорусија, Узбекистан, па дури и од Иран.

Иако Русија е трет најголем пазар за македонската храна, извозот на зелка во Русија е многу мал. Според податоците од Државниот завод за статистика, минатата 2020 година во Русија сме извезле храна во вредност од 26,6 милиони евра, но од нив извозот на зелка изнесува само 360 илјади евра.

Зеллката е најизвезуван зеленчук од Македонија, но минатата 2020 година извозот на зелка забечежа пад од 42%, на само 13,3 милиони евра, во споредба со прет-пандемиската 2019 година кога извозот на зелка изнесувал 23 милиони евра.

Русија би можела да купи зелка од ЕУ, пред се од Полска, и од Украина, но поради сопствените „контрасанкции“ не може да го стори тоа. Покрај овие земји, никој не може да понуди големи количини зелка, а раната зелка ќе стане достапна во јужните региони на Централна Азија во големи количини дури во март 2022 година. Иако зелката може да се замени во салати со други зеленило, невозможно е да се замени бела зелка со друг зеленчук во многу традиционални јадења, како што се украински борш, руска супа од зелка, кифлички од зелка и други.

Затоа, веројатноста за понатамошен раст на цената на зелката во Русија останува доста висока, велат аналитичарите на пазарот. Ова ќе има многу сериозно влијание врз структурата на површините засадени со зеленчук во следната сезона – не само во Русија, туку и во многу земји од регионот.