Русија ќе ја запре испораката на гас за купувачите од „непријателските“ држави, освен ако не се префрлат на плаќања во рубљи од 1 април, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.
Рускиот претседател Путин денеска потпишал декрет според кој странските купувачи мора да плаќаат во рубли за рускиот гас од 1 април, а договорите ќе бидат прекинати доколку овие плаќања не се извршат.
Според налогот денеска потпишан од Путин, купувачите треба да отворат специјални сметки во државно контролираната Гаспромбанка за да се овозможи размена на девизи во рубљи за порамнување. Наредбата потпишана од Путин поставува механизам за купувачите да префрлаат девизи на посебна сметка во руската државна банка, која потоа ќе ги испрати рубљите назад до странскиот купувач за да изврши плаќање за гасот.
„Доколку таквите плаќања не се направат, ова ќе го сметаме за неисполнување на обврските од страна на купувачите, со сите последователни последици. Никој не ни продава ништо бесплатно, а ние нема да правиме ни добротворни цели – односно постоечките договори ќе бидат прекинати“.
Русија испорачува околу една третина од гасот кој се троши во Европа, заради што енергијата е најмоќното оружје со кое Путин возраќа на занкциите.
Западните компании и влади го отфрлија потегот за плаќање на руски гас во рубљо како прекршување на постоечките договори, кои се поставени во евра или долари.
Францускиот министер за економија рече дека Франција и Германија се подготвуваат за можното сценарио дека протокот на руски гас може да биде запрен – нешто што ќе ја втурне Европа во целосна енергетска криза.
Извор: Reuters