Секоја четврта компанија во Германија ја разгледува можноста за преместување на производството или дел од производството во други земји, пред се заради енергетската криза со која се соочува земјата, пишува германскиот ведник Die Welt, повикувајќи се на изјавата на генералниот директор на Германската индустриска унија (BDI), Тања Генер.
Таа потенцира дека високите цени на енергенсите и забавувањетона економијата силно ја погодуваат Германија и домашните компании се погодени многу повеќе од компаниите во другите земји.
„Германскиот бизнис модел е под огромен стрес“, вели Генер.
Во тековното економско истражување, многу германски деловни претставници сакаат државните власти да воведат мерки за заштита на националната економија. Во спротивно, Германија би можела да тргне во опасна одлучувачка точка”.
Исто така, објавено е дека повеќе од половина од Германците преминале на „штедење“.
Германските граѓани сега сè повеќе прават споредба на цените и обрнуваат поголемо внимание на специјалните понуди, како и почесто се свртуваат кон поевтините производи или купување на производи кои се на попуст“.