Во текот на изминатата 2023 година од Словенија биле извезени лекови во вредност 18,7 милијарди долари, со што земјата е рангирана на како 10-ти најголем извозник од светот.

Словенија е најголем извозник на лекови во регионот (шифра 3003 и 3004), а зад неа се рангирани Грција (23 место) со извоз од 2,9 милијарди долари. Следи Бугарија која е рангирана на 27 место, со извоз од 1,27 милијарди долари, Хрватска (37) со извоз од  810 милиони долари, Србија со извоз вреден 436 милиони долари и Македонија со извоз од 172 милиони долари.

Словенија исто така била земја со најголем раст на извозот на лекови од 34,1% во 2023 година во однос на 2022 година, а исто така и земја со шести по големина суфицит или нето извоз во трговијата со лекови со светот од дури 11,1 милијарда долари. Фармацевтската индустрија е најголем извозник и создава околу третина од вкупниот извоз на Словенија, а најголеми извозници на лекови се Лек (во сопственост на Sanadoz) и Крка.

Според Worldtopexports најголем извозник на лекови во светот е Германија со извоз од 67,4 милијарди долари или 14,7% од вкупниот извоз во 2023 година. Втор најголем извозник на лекови е Швајцарија со извоз од 46 милијарди долари. Следат Белгија со извоз од 37,6 милијарди долари, Италија со извоз од 37,5 милијарди долари и САД со извоз на лекови во 2023 година вреден 34,5 милијарди долари.

Словенија е 10-ти најголем извозник на лекови во светот

Во текот на изминатата 2023 година од Словенија биле извезени лекови во вредност 18,7 милијарди долари, со што земјата е рангирана на како 10-ти најголем извозник од светот.

Словенија е најголем извозник на лекови во регионот (шифра 3003 и 3004), а зад неа се рангирани Грција (23 место) со извоз од 2,9 милијарди долари. Следи Бугарија која е рангирана на 27 место, со извоз од 1,27 милијарди долари, Хрватска (37) со извоз од  810 милиони долари, Србија со извоз вреден 436 милиони долари и Македонија со извоз од 172 милиони долари.

Словенија исто така била земја со најголем раст на извозот на лекови од 34,1% во 2023 година во однос на 2022 година, а исто така и земја со шести по големина суфицит или нето извоз во трговијата со лекови со светот од дури 11,1 милијарда долари.