Царинската управа информира дека од вчера 1 септември 2022 година на граничниот премин Табановце, во функција е ставена т.н. „брза лента“ наменета за празни и товарни моторни возила кои транзитираат стока преку царинското подрачје на Република Северна Македонија.
Со тоа, велат од Царината, дополнително ќе се намали времето за спроведување на царинските формалности за овие категории товарни моторни возила, на граничниот премин Табановце.
Ова беше и едно од барања на транспортерите и деловната заедница за да се намалат долгите колони и чекањето на граничните премини.