Пауза во меѓународниот трговски конфликт: Доналд Трамп се повлече и суспендира одредени царини на 90 дена. Сепак, ова не важи за Кина – се очекува Народна Република да плаќа уште повисоки царини во иднина. На соопштението веднаш реагираа берзите.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, најави 90-дневна пауза во спорот за царините со повеќето погодени земји. Повеќе од 75 земји стапиле во контакт со американски официјални лица и побарале од нив да преговараат за решение, напиша Трамп на својата платформа Truth Social. Паузата стапува во сила веднаш, при што ќе се применува универзална царина од 10%. Сепак, ова не важи за Кина. Тој ја зголемува царината за увоз од Кина на 125%, а одлуката веднаш стапува во сила.

Во средата, како што соопшти администрацијата во Вашингтон, стапија на сила дополнителни американски царини против трговските партнери ширум светот. Кина објави одмазднички царини, што ги натера САД да ги зголемат дополнителните царини на 104%. Земјите на ЕУ, пак, деенска ги усвоија првите одмазднички царини за американски производи.

Ескалацијата на царинскиот спор меѓу САД и повеќето земји во светот доведе до огромни падови на берзата.
Критичарите на царинската политика на Трамп предупредуваат на драматични последици за глобалната економија – а исто така и за самите Соединети Држави. Тие стравуваат од значително зголемување на инфлацијата и можна рецесија во САД.
По најновото соопштение, американскиот министер за финансии Скот Бесент изјави дека за повеќето земји ќе се задржат базните царини од најмалку 10 %, но дека акцијата против Кина ќе биде ескалирана.
Американските берзи пораснаа веднаш по веста. Dow Jones Industrial Average порасна за 7%, на 40.280 поени. Технолошката берза Nasdaq се искачи за повеќе од 10%.
Новите трговски бариери на Трамп ги потресоа пазарите, ја зголемија веројатноста за рецесија и предизвикаа одмазднички мерки од Кина и Европската унија.

Лидерот на германската ЦДУ Фридрих Мерц го опиша привременото суспендирање на американските царини како успех на европското единство.
Можете да видите и од овој пример: единството помага“, додаде тој. „Најдоброто нешто што можеме да направиме е сите заедно да постигнеме нула царини за трансатлантската трговија. Тогаш проблемот ќе биде решен“, изјави Мерц.