Големината и материјалите од кои е изработена амбалажата стануваат се поважни за потрошувачите, покажува Студијата „Трендови во прехранбената индустрија 2022 година“, објавенa од Централноевропската агенција за развој и соработка ЦЕАРС и Центарот за маркетинг стратегија еПлус, која има за цел да го олесни планирањето за сите оние кои работат со оваа индустрија, од производители на пакувана храна, трговци на мало, угостители, до основни производители на храна.
# Оброк пакување
И понатаму продолжува трендот на помали грамажи кај пакуваните прехранбени производи.
Се поголем број на производители создаваат пакувања (stock keeping unit) кои содржат околу 200 калории по едно пакување.
Пакувањата со супер големина се почесто се комуницираат како 2 пакувања по една цена, така што кај потрошувачите се создава впечаток за купување на два помали оброка, наместо еден, поголем, премногу калоричен оброк.
# Да ја зачуваме природата
Видливите климатски промени, загадувањето на воздухот, штетното влијание на човекот врз природата, сè поочигледните еколошки и комунални проблеми и брзото ширење на информациите за еколошките ризици ја зголемија свеста кај потрошувачите за важноста на зачувувањето на природата.
Свеста на потрошувачите за еко амбалажи расте дури и во земјите со неразвиена економија, каде што ова прашање беше на втор план со години наназад.
Со зголемувањето на свеста на потрошувачите се влегува во зона на „еколошка исклучивост“, каде употребата на материјали кои не се еколошки и биоразградливи станува целосно неприфатлива за се повеќе потрошувачи, па дури и за сметка за плаќање на повисока цена за производите.