Продажбата на автомобили во САД и Канада може да се намали за 1,8 милиони возила оваа година и да стагнира во следната деценија доколку ескалира глобалната трговска војна, прогнозира американскара автомобилска консултантска компанија Telemetry.
Ако сегашните царини останат на сила до 2035 година, продажбата на лесни возила во САД и Канада би била за околу 7 милиони единици помала од 24,6 милиони продажби во сценарио без трговски конфликти и силен економски раст, објави Telemetry во понеделникот во прогнозата дадена исклучиво за Ројтерс.
Царините за увоз на автомобили од 25% на претседателот Доналд Трамп стапија на сила на 3 април.
Царините ги притиснаа производителите на автомобили да направат промени во производството, при што Џенерал Моторс се одлучи за зголемување на производството на камиони во фабриката во Индијана, додека и Стелантис, привремен го затвори производството во две фабрики во Мексико и во Канада.
Аналитичарите на Telemetry предвидуваат дека царините ќе ги зголемат цените за илјадници долари, а истото го предупредија и производителите на автомобили.
Но, намалувањето на продажбата, ќе резултираат и со отпуштања.
„И дури и до степен до кој одредено производство ќе се префрли во САД, тоа нема да биде доволно за да се надомести изгубената вработеност од повисоките трошоци и помалата продажба“, анализираат од Telemetry.
Извор: Reuters