Шест возила за одржување на хигиена во урбани услови, кои се произведуваат во капацитетите на БРАКО во Велес, се упатија во посебна пратка кон Обединетото Кралство.
 
Овој мини контигент се состои од по две возила тип GM 400 ze и GM 636, но особено се издвојуваат две возила тип GM 424.
 
GM 424 се лесни за одржување на хигиена во урбани услови, и особено се фексибилни за манипулирање низ малите градски улички, кои ги има секоја метропола, особено во нејзиното централно подрачје.
 


Овие возила имаат и дополнителна приколка, со кабина за лицето кое ги управува, со што возилото може непречено да се користи и во услови на дожд и постудено време, кое е и карактеристично за дел од градовите во Обединетото Кралство.

Производите на БРАКО се продаваат во над 40 земји од светот, а успешното работење и во 2022 година е резултат на храбрите одлуки на менаџментот да се инвестира во модернизирање и изградба на производствените хали, набавка на нови модерни технологии, внесување на иновации во производството и изградба на сопствени енергетски капацитети.