Во јуни 2025 година, вкупните кредити што банките ги одобрија на компаниите во Македонија достигнаа 4,18 милијарди евра, што претставува годишен раст од 16%, според најновите податоци од Народната банка.
Најголем дел од кредитите, односно 71%, се одобрени во денари. Денарското кредитирање на фирмите бележи раст од 27% во споредба со истиот период лани, додека кредитирањето во евра е намалено за 4,4%.
Кредитирањето на домаќинствата во јуни достигна 4,27 милијарди евра, со годишен раст од 10,3%. Притоа, денарското кредитирање на домаќинствата бележи раст од 11,9%, додека кредитирањето во странска валута порасна за 8,4%.