Владата на Белорусија неодамна воведе забрана за избрани прехранбени производи од ЕУ, Обединетото Кралство, САД и неколку други земји, меѓу кои и Северна Македонија.
Увозот на одредени категории на месо, млечни производи, зеленчук, овошје, кондиторски производи и увоз на сол од овие земји е забранет на шест месеци, почнувајќи од 1 јануари 2022 година. Вредноста на овие забранети категории увезени од Белорусија од ЕУ27, Обединетото Кралство, САД и Канада изнесува 460 милиони американски долари во 2020 година.
Овошјето и јаткастите плодови ќе бидат убедливо најмногу погодени, бидејќи увозот на Белорусија од оваа категорија изнесувал 225 милиони долари во 2020 година од истите земји.
Белорусија е исто така порта за многу од овие овошја во Русија.
Што доведе до забраната за увоз на храна?
Од 2020 година, ЕУ и САД наметнаа неколку санкции кон Белорусија. Ова дојде по спорните претседателски избори на кои Александар Лукашенко ја презеде власта. Оттогаш имаше повеќе политички препукувања, но неодамнешните кризи на белоруските граници со Летонија, Литванија и особено Полска резултираа со повеќе санкции и ембарга.
На 7 декември годинава белоруската влада објави забрана за увоз на неколку прехранбени производи од она што Лукашенко го нарече „колективниот Запад“.
Која храна ќе биде забранета?
Според белоруската влада, повеќе производи може да бидат забранети доколку односите меѓу овие земји уште повеќе се влошат.
Ќе биде забранет увозот на горенаведените прехранбени производи од ЕУ, ОК, САД, Канада, Норвешка, Албанија, Исланд, Северна Македонија и Црна Гора.
Подолу следи листа на производи кои ќе бидат забранети.

Како забраната ќе се одрази врз Македонија?
Во првите 10 месеци од 2021 година Македонија извезла храна во Белорусија во вредност од 1,7 милиони долари (1,4 милиони евра).
Во текот на 2020 година, пак, македонските компании на белорускиот пазар извезле храна во вредност од 1,2 милиони долари (1,1 милион евра).
Најголем дел од извезената храна во Белорусија годинава отпаѓа на извозот на овошје и зеленчук. Според податоците од Државниот завод за статистика, извозот на овошје од Македонија во Белорусија во првите десет месеци од 2021 година изнесувал 963 илјади евра, додека извозот на зеленчук околу 450 илјади евра.
Најизвезувано овошје во Белорусија годинава биле праски во вредност од 542 илјади евра, свежо грозје во вредност од 420 илајди евра.
Од зеленчукот годинава на пазарот во Белорусија најмногу се извезувале компири во вредност од 378 илјади евра и мала количина зелка во вредност од околу 30 илјади евра.
Извозот од ЕУ ќе биде најпогоден
Од овие земји/региони трговијата со ЕУ има најголем удел на пазарот досега. Во 2020 година, белорускиот увоз од ЕУ27 на оваа храна што наскоро ќе биде забранета изнесуваше 445 милиони долари. Другите земји на листата сочинуваа многу помал дел.
Во 2020 година, увозот на храната што наскоро ќе биде забранета од САД во Белорусија беше 2,8 милиони долари од ОК и 12,6 милиони американски долари од САД. Другите земји на „црната листа“ имаат ограничена трговија со Белорусија или трговијата не е насочена околу артиклите што ќе бидат забранети,.
Според белоруската влада, за првите 10 месеци од 2021 година, Белорусија увезла храна во вредност од 530 милиони долари од овие земји.
Кои производи ќе бидат најмногу погодени?
Овошје и јаткасти плодови (HS Code 08) е категоријата што ќе биде најмногу погодена. Во 2020 година, вредноста на увозот на овошје и јаткасти плодови од Белорусија од ЕУ бил проценета на 216 милиони долари. Посебно ќе бидат погоден извозот на јаболката и крушите кои влегуваат во Белорусија преку Полска. Многу од овие јаболка и круши го наоѓаат патот до Русија преку Белорусија.