Plazma

Добропознатиот регионален бренд, Плазма, официјално започна со производство во Лагос, Нигерија, правејќи го својот прв чекор на навлегување на африканскиот пазар.

Овој историски пробив беше постигнат благодарение на соработката помеѓу Бамби, Coca-Cola HBC Group, Nigerian Bottling Company (NBC) и Sona Group, нигериски производител на бисквити, и надворешни партнери.

Формулацијата, пакувањето и комуникациската кампања на брендот Плазма се прилагодени на нигериските потрошувачи, додека производството, наменето исклучиво за нигерискиот пазар, се одвива во фабриката на Sona Group во Лагос.

Прв производен погон надвор од Србија


Ова е историски момент не само за „Плазма“, туку и за целиот регионален сектор за производи за широка потрошувачка. Иако „Плазма“ со години се извезува на повеќе од 30 пазари низ целиот свет, ова е прв пат „Плазма“ да се произведува надвор од нашите граници. Влегувањето на најголемиот африкански пазар, со речиси 240 милиони жители, е огромен успех и потврда за силата на „Плазма“. Со започнувањето на производството, го надминавме првиот голем предизвик. Следниот е да ги освоиме срцата на потрошувачите во Нигерија“, вели Драган Стајковиќ, извршен директор на „Бамби“.

Овој проект, започнат во 2022 година, беше реализиран за само три години благодарение на комбинацијата од меѓународна експертиза и темелно разбирање на локалниот пазар.
Овој бизнис пробив го позиционира „Бамби“ како центар на експертиза на „Кока-Кола ХБЦ“ групацијата за категоријата бисквити.

Извор: Poslovni dnevnik