Германскиот производител на луксузни автомобили BMW планира да го засили производството на електрични возила, изјави извршниот директор Оливер Зипсе за германскиот весник Аугсбургер лгемајне.
“Значително го зголемуваме бројот на електрични возила. Помеѓу 2021 и 2023 година, ќе изградиме четвртина милиони електрични автомобили повеќе отколку што првично беше планирано”, рече Зипсе.
BMW сака приближно секој петти продаден автомобил да се напојува со електричен мотор до 2023 година, рече Зипсе, во споредба со околу 8% оваа година.
Менаџерот исто така го повтори својот повик да се забрза проширувањето на инфраструктурата за полнење на возила.
„Од денес секоја недела ќе треба да се ставаат во функција 15.000 приватни и околу 1.300 јавни точки за полнење. За жал, далеку сме од тоа“, изјави тој за весникот.
Извор: Reuters