Живееме во „море“ од информации. „Битката“ за правилен и вистински избор бара стратешки пристап кон селекцијата на вистинските информации. За да се достигне оваа цел потребно е јасно дефинирање на крајните очекувани резултати и јасно дефинирање на насоките за постигнување на целта, методите и алатките што ќе ги користите, потребните индикатори за мерливост и на крајот, едноставниот одговор „зошто“? На некој начин, во кратки црти, ова е процесот на  стратешко комуницирање.

За да постигнете стратешко комуницирање потребно е да се одвиваат два паралелни процеси – едниот е создавање стратешки пристап и вториот, процес на комуницирање. Тие се фундамент за „градење“ квалитетно, навремено и ефективно комуницирање.

Зошто стратегија? Едноставно, со помалку ресурси, со поголем фокус и со точно наведени насоки, да се постигне поголем ефект. Со точно, правилно и навремено „везење“ на зборовите да се создаде патека по која ќе се движи комуникацискиот процес за да се постигнат дефинираните цели.

Зошто комуницирање? Затоа што комуницирањето е суштинската алка која ги поврзува сите точки на мозаикот за да се влијае на постоечката реалност или да се креира нова реалност. Затоа што комуницирањето има стратегија да задржи или да промени одредена перцепција. Затоа што, комуницирањето предизвикува акција.

Зошто стратешко комуницирање? Заради задоволни клиенти кои се фокусираат на својот суштински дел од бизнисот, додека комуницирањето го препуштаат на професионалци кои својот професионален живот го посветиле на добро пишаниот збор, на квалитетно избраниот дизајн, на умешноста да се препознаат крајните целни јавности, на точно дефинираните алатки за комуникација, за стратешки избраните канали на комуникација, за времето кога треба и кога не треба да се реагира, за помалку потрошените пари и поголемиот ефект од комуницирањето.

Затоа што, секој клиент треба да расте. И затоа што и ние „растеме заедно“ (We grow together) со нашите клиенти. Преку вистински насочена стратешка комуникација, проследена со разни други дополнителни ПР, адвертајзинг и маркетинг алатки, со организација на настани, анализи, истражувања. Со единствена цел – клиентот да влијае на својата целна публика. Без разлика дали е внатрешна јавност (во самата институција, организација, компанија) или надворешна јавност (целни публики). Без разлика дали е во земјава или надвор од нејзините граници.

Затоа што добриот збор не познава граници.

Агенцијата за комуникациски менаџмент Чептер 4 постои веќе 12 години на македонскиот пазар и за овој период успешно управува со стратешките комуникации на многу големи компании, меѓу кои и некои од Топ 100 извозниците од Македонија.