Цената на суровата нафта од типот Брент е на добар пат да го постигне својот најголем месечен раст во март, откако Хутите се вклучија во војната и го нападнаа Израел, проширувакќи го конфликтот надвор од Персискиот залив.
Суровата нафта од типот Брент, меѓународната референтна вредност, се искачи за 51% од почетокот на март, покажуваат податоците на LSEG, надминувајќи го претходниот месечен рекорд од 46% во септември 1990 година, откако Садам Хусеин го нападна Кувајт, што доведе до првата војна во Заливот.
Фјучерсите за суровата нафта Брент скокнаа за 2,42 долари, или 2,2%, на 114,99 долари за барел, откако се искачија за 4,2% повисоко во петокот.
Пазарот речиси ја отфрли можноста за договорен крај на војната, и покрај тврдењата на Трамп за тековни „директни и индиректни“ разговори со Иран, и се подготвува за остра ескалација на воените непријателства.

Масло на огнот додаде и изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп кој отворено проговори во интервју за својата желба да ја стекне иранската нафта и дека размислува да започне копнена инвазија на островот Харг. Според извештаите на американските медиуми, Трамп би употребил специјални сили за да ги отстрани резервите на ураниум на Иран од земјата.
Техеран беше бомбардиран од израелските и американските воздухопловни сили, а ракетната закана на Иран против Израел и сунитските нафтени држави продолжува по еден месец.
Во меѓувреме, сообраќајот на нафта од Блискиот Исток полека почнува да се обновува, и покрај тоа што војната сè уште беснее, користејќи други правци.
Растот на цените на нафтата е поттикнат од ефикасното затворање на Ормутскиот теснец од страна на Иран, канал низ кој минува една петтина од светските резерви на нафта и гас.
Конфликтот што започна на 28 февруари со нападите на САД и Израел врз Иран се прошири низ Блискиот Исток, предизвикувајќи загриженост за транспортните линии околу Арапскиот Полуостров и Црвеното Море.
ПОВРЗАНИ НАПИСИ:
Војната во Иран ги загрозува производството и транспортот на вештачки ѓубрива
Не е само нафтата: Војната во Иран наруши многу глобални синџири на снабдување
Транспортот е погоден од кризата со Иран: Поскапо гориво, доцнења и дополнителни трошоци




























