Цената на какаото падна под 4.000 долари за метрички тон за прв пат од ноември 2023 година (Trading Economics).
Моментално се наоѓа на 3.683 долари за метрички тон (16 февруари), и продолжувајќи да паѓа. Намалувањето на цената доаѓа среде години нестабилност за една од најбараните стоки во светот.
Колку за споредба, во февруару минатата 2025 година какото се тргуваше по цена од 9.856 за метрички тон.
Зошто цените на какаото паѓаат сега? Дали овој тренд на опаѓање ќе трае? И што тоа значи за производителите?
„Слабиот интерес за купување води до акумулација на залихи кај главните производители на какао, особено Брегот на Слоновата Коска и Гана“, објаснува портпаролот на финансиската платформа Trading Economics.
„Најновите податоци покажаа дека пристигнувањата на какао во пристаништата во Брегот на Слоновата Коска достигнаа
1,263 милиони метрички тони до 8 февруари од почетокот на сезоната на 1 октомври, што е намалување од 4,5% во однос на истиот период минатата сезона.“
Во меѓувреме, компанијата за финансиски услуги StoneX предвиде глобален вишок на какао од 287.000 тони за жетвената година 2025/26 и 267.000 тони за 2026/27 година.
„Во врска со развојот на земјоделските култури, земјоделците во Брегот на Слоновата Коска забележаа доволна влажност на почвата, а се очекува дека претстојните дождови ќе го зајакнат родот и ќе помогнат во производството на висококвалитетни какао зрна“, вели Trading Economics.
„Сепак, тие изразија загриженост дека лошите услови за складирање влијаат на квалитетот на зрната, а некои се двоумеа да собираат зрели мешунки од страв од неплаќање.“
Што значи ова за производителите?
За производителите на храна и пијалоци, остриот пад на цените на какаото нуди олеснување и компликации.
Од една страна, одржливиот период на пониски трошоци за суровини би можел да ги намали притисоците врз маржата по неколку години историски високи цени на какаото што ги принудија многу брендови да ги преформулираат, да ја променат големината или да иницираат повеќекратни рунди на зголемување на цените.
Доколку проектираните вишоци
за 2025/26 и 2026/27 се материјализираат, производителите конечно може да вратат малку простор за дишење
во нивните структури на трошоци.
Следните 12-18 месеци би можеле да дефинираат дали пазарите на какао навистина ќе се нормализираат или едноставно ќе влезат во нова фаза на неизвесност.
ПОВРЗАНИ НАПИСИ:
Цената на тон какао достигна историски највисоки 10.000 долари. Што се крие зад какао кризата?
Цената на какаото на седумгодишен максимум, ќе поскапи и чоколадата




























