Јужнокорејската компанија Hyundai планира да инвестира вкупно 20 милијарда долари во САД во наредните години, изјави извршниот директор на Hyundai Еуисун Чунг на прес-конференција со американскиот претседател Доналд Трамп. Американскиот претседател Доналд Трамп го гледа ова како успех на неговата царинска политика.
Од 1986 година досега, неговата компанија веќе има инвестирано 20 милијарди долари во САД.
Инвестицискиот пакет вклучува и изградба на нова фабрика за челик во државата Луизијана за 5,8 милијарди долари. “Hyundai ќе го произведува својот челик и ќе ги произведува своите автомобили во Америка, со што ќе избегне царини”, рече Трамп.
Тој ги нарече инвестициите на јужнокорејскиот производител на автомобили јасен знак дека неговите царини функционираат.
Компанијата, исто така, масовно ќе го прошири своето постојно производство на автомобили во Џорџиа и ќе инвестира милијарди во американските технолошки компании.
Извршниот директор на Hyundai, Еуисун Чунг, истакна дека неговата компанија е горда што оваа недела ја отвори својата нова фабрика за автомобили во Џорџиа. Со оваа фабрика вредна 8 милијарди долари, Hyundai ќе го прошири своето производство во САД на над еден милион автомобили годишно.
.