Оддалечувањето од глобалните синџири на снабдување и враќањето на производството во матичната земја може скапо да ја чини германската економија, предупреди во четвртокот Институтот за економски истражувања Ифо.
Враќањето на производството од странство би го намалило бруто домашниот производ за речиси 10 %, предупредуваат од престижниот германски институт, повикувајќи се на резултатите од истражувањето.

Доколку другите земји потоа се свртат кон таква стратегија или воведат царини како одмазда, падот би бил уште поизразен, предупреди експертот за надворешна трговија на Ifou, Лисандра Флах, коавтор на студијата.

Производството на интермедијарни производи во Германија, кои потоа се преработуваат во странство, придонесува со повеќе од 600 милијарди долари за германската додадена вредност, рече истражувачот на Ifo, Андреас Баур, коавтор на студијата.