Неодамна, MSC организираше прослава на поморскиот терминал во Трст – домаќин на церемонијата на именувањето на нашиот нов брод кој соборува рекорди MSC NICOLA MASTRO.
MSC го избра италијанскиот пристанишен град за настанот како одраз на историјата и наследството на MSC во Италија, како и на неговите идни амбиции во земјата и регионот. Меѓу 600-те присутни гости имаше клиенти и од Северна Македонија и Србија.

MSC NICOLA MASTRO е еден од 14-те нови бродови во класата Celestino Maresca кои се планирани да се приклучат на флотата на MSC до крајот на 2024 година. Оваа иновативна категорија на ултра големи бродови не само што се најголеми по капацитет, туку и најефикасни по дизајн. Флотата MSC моментално се состои од 760 бродови, кои оперираат на 300 рути низ целиот свет. Со транспортирани 22,5 милиони TEU годишно, имаме можност да сместиме товар извезен од Северна Македонија до речиси секоја дестинација во светот. Горди сме што можеме да кажеме дека нашите клиенти можат да се потпрат на нашата транспортна мрежа за нејзината доверливост и ефикасност – без разлика на рутата или дестинацијата“, велат од MSC Скопје.

 MSC беше првата бродска линија која отвори свое директно претставништво во Северна Македонија.
Во MSC работиме тимски и имаме специјализирани и обучени професионалци ширум светот кои се достапни за поддршка во текот на целиот транспортен процес. Надополнувајќи ги основните океански товарни услуги на компанијата, МСЦ Скопје нуди комплетна услуга од врата до врата, вклучително и камионски превоз од местото на потеклото на робата до крајната дестинација или од пристаниште на утовар до пристаниште на истовар, според потребите на клиентите. Извезуваме широк спектар на стоки до дестинации низ целиот свет. Нашите главни транспортни дестинации за извоз се Далечниот исток, северозападниот континент, Блискиот исток и САД, додека типот на роба што се извезува е тутун, мермер, фероникел, прехранбени производи, вино и мебел. Земјите од каде, пак, е регистриран најголем увоз се Далечниот Исток, Западен Медитеран, САД, Индија и Блискиот Исток. Кога станува збор за увезената стока, може да се каже дека речиси сите производи на полиците во продавниците во Македонија пристигнуваат со контејнери!“, велат од компанијата МСЦ Скопје.

МСЦ Скопје е поврзана со широката интермодална мрежа на MSC распространета ширум светот, која им овозможува на клиентите повеќе опции на транспортирање на нивниот товар од врата до врата.

Дознајте повеќе за MSC на оваа врска: https://www.msc.com/  или контактирајте со канцеларијата за да разговарате за вашите потреби за транспорт.