Компанијата МСЦ Скопје, дел од најголемата бродарска компанија во светот — The Mediterranean Shipping Company (MSC), го прослави јубилејот од 20 години успешно работење во РС Македонија.

На свечениот прием организиран во Македонската филхармонија, извршната директорка на МСЦ Скопје, Сања Радовановиќ, им се заблагодари на присутните клиенти, партнери, пријатели и колеги за долгогодишната соработка, довербата и посветеноста.



Пред две децении започнавме со една идеја. Да поврзуваме. Да создаваме вредност. Да достигнеме извонредност. Денес, таа идеја е реалност. Благодарение на вас — нашите клиенти и партнери, и на мојот неверојатен тим — MSC Скопје е она што е денес“, изјави Радовановиќ.

MSC е дел од глобалното семејство Aponte, со над 200.000 вработени, 675 канцеларии во 155 земји, и 900 бродови кои годишно превезуваат 27 милиони контејнери.

Во MSC не пренесуваме само стоки. Пренесуваме идеи. Пренесуваме иновации. Пренесуваме можности. Со дигитализацијата, автоматизацијата и одржливиот развој, донесуваме вредност за нашите клиенти и партнери. Канцеларијата во Скопје не само што ги имплементира глобалните стандарди — таа создава локално влијание. Влијание кое се чувствува во секојдневната соработка“, додаде Радовановиќ.

Tаа изрази голема благодарност и признание за целиот тим, за нивната енергија, посветеност и страст, кои се клучни за успехот на MSC Скопје.

На настанот се обрати и заменик-амбасадорката на Швајцарија, Michal Harari, која упати честитки за значајниот јубилеј.

Michal Harari, заменик-амбасадорка на Швајцарија во РС Македонија.



Како што знаете, MSC има седиште во Женева и иако прерасна во една од водечките светски компании за превоз и логистика, никогаш не го изгуби од вид она што го прави уникатен: семеен дух, страст, грижа за луѓето, континуирана еволуција и посветеност на еднакви можности. Ова не се само корпоративни принципи — тие се и швајцарски вредности, и токму тие се основата врз која MSC го изгради своето присуство во Северна Македонија. Следејќи ги меѓународните стандарди и претставувајќи ги швајцарските вредности, MSC придонесува не само за успехот на бизнисот, туку и за напредокот на земјата и благосостојбата на нејзините заедници“, изјави Харари, која го најави и претстојното отворање на Швајцарско-Македонската стопанска комора, како нова платформа за економска соработка.

На настанот присуствуваше и регионалниот директор на MSC за Србија, Црна Гора и Македонија, Стевица Чарапиќ, кому му беше доделена посебна награда во знак на благодарност за неговиот придонес и трајниот печат врз развојот на MSC Скопје.
Чарапиќ беше на чело на МСЦ Скопје до пред пет години, кога беше назначен за регионален лидер на MSC.



Чарапиќ изрази голема благодарност до Сања Радовановиќ и целиот тим за посветеноста и енергијата што ги вложуваат во развојот на MSC Скопје, како и до клиентите и партнерите, чиja поддршка и лојалност се срцето на успехот.

Овој јубилеј не е само прослава на изминатите 20 години — ова е прослава и на иднината што нè очекува. Вашата посветеност и тимски дух се причина што МСЦ Скопје е пример за локален успех со глобално влијание. Она што заедно го постигнавме во изминатите две децении е извонредно, но уверен сум дека најдоброто допрва претстои. Со ваква сплотеност, визија и посветеност, нема граници за она што можеме да го оствариме“, изјави Чарапиќ.