Охридскиот аеродром „Свети апостол Павле“ вчера свечено ја промовираше обновената терминална зграда, по реконструкцијата што започна во март годинава. Станува збор за прва поголема реконструкција на аеродромот по 56 години, вредна 2,7 милиони евра, со аеродромот добива нов и модерен изглед.
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски изјави дека со реконструкцијата аеродромот добива практично нова терминална зграда и помошни простории, што треба да овозможат подобро искуство за патниците.

Аеродромот годинава бележи рекорден број патници. Од почетокот на годината досега се опслужени повеќе од 240 илјади патници, а очекувањата се дека до крајот на годината бројот ќе достигне околу 4 милиони.
Во обновената зграда се поставени и реплики на мозаици од стариот дел на Охрид, како и реплики на фрески од катедралната црква „Света Софија“ што го прават аеродромот посебен и автентичен.
“Овој мал музеј кој ја носи симболиката на Охридскиот регион ќе ни донеси повеќе патници, повеќе туристи и поголем обем на сообраќај“, објави министерот за транспорт Александар Николоски.

Со реконцтрукцијата е зголемен бројот на шалтери, проширен е просторот за чекирање и се воведени современа опрема и технологија за побезбедно и поефикасно опслужување на патниците.
Унапредени се зоните за безбедносна контрола и рачен багаж, а реорганизиран е и паркинг-просторот.

Просториите се уредени со реплики на мозаици од стариот град на Охрид, особено од Плаошник и реплики на фрески од катедралната црква „Света Софија“, со што ентериерот го одразува богатото културно наследство на регионот.
Исто така, завршен е и патот до аеродромот и сега од Охрид до него може да се стигне по автопат.
























