stellantis-usa

Производителот на автомобили Stellantis планира да потроши 13 милијарди долари до крајот на деценијата за да произведе повеќе џипови, пикапи и теренски возила „Доџ“ во САД. Ова е најголема поединечна инвестиција во историјата на компанијата. Со неа се планира американското производство да порасне за 50% со 5.000 нови работни места во фабриките низ Средниот Запад, и со дополнителни 20.000 работни места кај добавувачите што обезбедуваат делови за тие модели.

Планот би можел да му помогне на еден од најголемите производители на автомобили во земјата да ги покрие трошоците од царините наметнати од администрацијата на претседателот Доналд Трамп.
Компанијата соопшти дека очекува вкупен царински импакт од 1,5 милијарди долари за годинава.

„Стелантис“, производителот на автомобили со седиште во Холандија, кој ги вклучува и европските брендови „Опел“, „Пежо“ и „Фиат“, беше создаден на почетокот на 2021 година преку спојување на „Фиат Крајслер Автомобилис“ и француската PSA Group. Производителот на автомобили во голема мера се потпира на Северна Америка.