Fon der Lajen Srbija

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес изјави дека доставил писмо до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, со барање Србија да биде ослободена од царините и новите квоти во врска со челикот, иако само Норвешка, Исланд и Лихтенштајн можат да бидат ослободени.

Јас побарав и верувам дека Европската комисија ќе најде начин да го олесни статусот на земјите-кандидатки барем малку и да ги олесни работите во тој поглед“, рече Вучиќ по средбата со фон дер Лајен во Белград.

Европската Комисија неодамна и предложи на Европската унија да ги преполови квотите за увоз на челик, а за увозот на челик над квотите, да се плаќа царина од 50%.

Српската дипломатија бара од ЕУ, за Србија, како земја кандидат за членство, да останат истите квоти и да не биде ставена во ист кош како и Кина, која е многу голем извозник на челик на европските пазари.

Доколку сепак ЕУ не прифати отстапки, Србија ќе биде многу погодена од новите протекционистички мерки на ЕУ. Најголемата Железара во Смедерево, која има кинески сопственици, е голем извозник од Србија, која над 80% од извозот го пласира на европските пазари.