Железничка пруга Белград Будимпешта

Се очекува железничките услуги за товарен транспорт по новата линија Будимпешта-Белград (BuBe) да започнат на 27 февруари 2026 година. Линијата веќе ќе се користи со 100% капацитет за товарни возови, според унгарскиот министер за градежништво и транспорт Јанош Лазар.

Линијата, која ги поврзува главните градови на Србија и Унгарија, во голема мера е финансирана од кинеската Експорт-Импорт банка.
Во моментов се спроведуваат финалните тестови, а патничките услуги ќе започнат на 15 март, две недели по товарниот транспорт, пишува portalot Rrailfreight.com.

Откако ќе биде оперативна, железничката врска Белград-Будимпешта ќе претставува важна модерна железничка товарна артерија во два од главните центри во Источна Европа. Покрај тоа, треба да го олесни сообраќајот до и од грчкото пристаниште Пиреја, клучна точка за Кина бидејќи е во сопственост на кинеската државна логистичка компанија Cosco. (За целосната реализација на железничкото поврзување на Пиреја со Европа, ќе треба да се изгради и железничката пруга низ С.Македонија.)

Релевантноста на оваа инфраструктура за Кина се рефлектира и во нејзиното вклучување во иницијативата „Појас и пат“.

ПОВРЗАНИ НАПИСИ:

Николоски: Најголем дел од македонските извозни фирми се зависни од солунското пристаниште, имаме обврска да обезбедиме модерно и евтино поврзување

Потпишан договорот со Велика Британија, кој обезбедува рамка од 6 милијарди евра за капитални проекти во Македонија

За 15 години трикратно намалени количините на стоки кои се превезуваат преку железница