Металургиската компанија Либерти, или поранешен Арелор Митал ЦРМ, објави дека во првите три месеци годинава работела со вкупни приходи од продажба од 26,1 милион евра, што е раст од 2% во споредба со истиот период претходната година, покажуваат објавениот финансиски извештај на Македонската берза.

Дури 83% од приходите од продажба на компанијата во првиот квартал се од извоз на странски пазари, кои бележат раст за 6% и изнесуваат 21,6 милиони евра.

Компанијата објави дека во првите три месеци остварила загуба од 1,5 милиони евра, што е намалување во споредба со загубата од 2 милиони евра од истиот период минатата година.

Компанијата Либерти или поранешен Арчелор Митал, од септември минатата година стана дел од британската ГФГ Алијанска, која минатата година изврши преземање на 7 индустриски капацитети од Арчелор Митал во Европа, со вкупна вредност од 740 милиони долари. Со тоа практично ГФГ Алијансата стана еден од 10-те најголеми производители на метални производи во светот со вкупно производство од над 18 милиони тони на годишно ниво.

Либерти е еден од најголемите производители на челични производи на Балканот кој нуди ладновалани котури и табли, поцинкувани котури и табли и пластифицирани котури, главно за градежништво и сегментот на општа индустрија опфајќајќи ги пазарите на Балканот и Југоисточна Европа. Ладната валавница е меѓу најголемите копманиии во Македонија која е основана во 1967 година и која моментално брои над 470 вработени.

Учеството на директното производство на метали во нашиот БДП учествува со 5,73 %, а индиректно со сите други дополнителни дејности од метало-преработувачката индустрија учествува над 30 % во македонскиот БДП.