Кумановската металургиска компанија за производство на цевски и профили ФЗЦ 11 Октомври објави дека првата половина годинава ја завршила со приходи од продажба од 5, 5 милиони евра, кои се за 37% помали во споредба со првата половина од 2019 година.
Околу две третини од приходите од продажба на ФЗЦ во првата половина годинава се остварени на странски пазари. Извозот на компанијата во овој период бележи пад од 20% и изнесувал 3,4 милиони евра, покажуваат објавените финансиски извештаи на компанијата на македонската берза.
Голем пад на приходите од продажба ФЗЦ 11 Октомври имала и на домашниот пазар, каде во првите шест месеци се оставрени продажби од околу 2 милиони евра, кои се помали за 53% во споредба со истиот период минатата година.
Иако трошоците за залихи и суровини, компанијата заради намалените приходи, првата половина годинава работела со загуба од 1 милион евра, што е големо влошување во споредба со лани кога ФЗЦ имал позитивен финансиски резултат, но и во споредба со првиот квартал кога загубата изнесуваше околу 700 илјади евра.
Компанијата информираше дека целиот извоз кон Италија бил целосно стопиран откако започна пандемијата, а со останатите клиенти работеле со намален капацитет. Многу големо влијание врз работењето на ФЗЦ 11 Октомври има и воведувањето на квоти од страна на Еврпската унија за продажби на европскиот пазар, кои го намалуваат извозот на компанијата. Заради исполнувањето на квотите, од ФЗЦ информираат дека мај и јули воопшто не извезувале цевки на европскиот пазар, што им ги намалило приходите во работењето.
ФЗЦ 11 Октомври пред неколку месеци објави дека е силно погодена од корона кризата. со оглед на фактот дека е 90% извозно ориентирана компанија, затворањето на границите и стопирањето на економската активност силно влијале врз побарувачката за производите на ФЗЦ 11 Октомври и дома и во странство.
ФЗЦ 11 Октомври минатата година имал извоз од 9 милиони евра и бил 65 најголем извозник во земјава.