Mинистерката за инфраструктура и енергија Белинда Балуку објави дека во август албанската влада ќе започне да ги прифаќа понудите за изградба на нов аеродром во Саранда.
Според Балкуку, вредноста на проектот е 37 милиони евра и компаниите ќе имаат рок до 23 септември да ги испратат своите предлог понуди.
Владата нема да биде вклучена во управувањето со аеродромот.
Аеродромот ќе работи само сезонски и ќе нуди локални летови од Саранда до новоотворениот аеродром Кукс на север.
Изградбата на нов аеродром во Саранда беше едно од предизборните ветувања на премиерот Еди Рама. Во март, албански конзорциум беше објавен како победник на концесијата за изградба на аеродромот во Валона, исто така во јужна Албанија.