ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ 2024: Шампионите на македонската економија
Специјализираниот портал ИзвозМК (www.izvoz.mk) го издаде најновото, петто по ред, ексклузивно издание ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ 2024, што е единствена публикација во земјата во која на едно место се рангирани најголемите 100 извозни компании во Р.С.Македонија, според вредноста на извозот, односно приходите од продажба на странски пазари во изминатата 2023 година.
Специјалната едиција ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ е посветена на најголемите извозни компании и индустрии во Македонија со мисија да ги промовира успешните извозни приказни, да ги сподели добрите извозни пракси и стратегии и да ја подигне свесноста кај јавноста и кај носителите на политики за важноста да се поддржи извозот и да се зголеми бројот на нови извозни компании и производи, како клучен предуслов за раст и развој на вака мала економија како македонската.
Bо изданието Топ 100 Извозници 2024 може да прочитате и повеќе интервјуа со главните менаџери на водечките извозници од различни индустрии, колумни, предвидувања, како и понуди на производи и услуги од банки, логистички компании и финансиските институци кои во фокусот на своето работење ја имаат поддршката на извозните компании и се свесни колку е важен извозот за една економија.
Во годинешното издание ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ 2024 по втор пат го објавуваме прилогот КОЈ Е КОЈ ВО ТРАНСПОРТОТ И ЛОГИСТИКАТА ВО МАКЕДОНИЈА посветен на клучните играчи на пазарот на транспортни, логистички и шпедитерски услуги. Во него се рангирани водечките компаниите кои остваруваат најголеми приходи на пазарот за транспорт и логистика во Македонија.
Примерок од новата едиција ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ можете да нарачате на marketing@izvoz.mk или contact@izvoz.mk:
- 1 примерок Топ 100 Извозници ............................................ 800 денари
- 5 примероци Топ 100 Извозници ........................................ 3.000 денари
3 примероци од едиција
Топ 100 Извозници 2024, 2023 и 2022................................... 1.800 денари
За секој нарачан примерок, испораката е бесплатна до посочената адреса.