Потрошувачките цени во Германија во јули се зголемија за 3,8% во споредба со јули 2020 година, што е најголемо зголемување во последните 27 години, објави Дестатис. Зголемувањето се објаснува со зголемените цени на енергијата, но и ниската споредбена основа од минатата година, кога стапката на ДДВ беше привремено намалена од германските власти заради пандемијата.
Откако стапките на ДДВ повторно се покаќија, многу стоки и услуги поскапеа, што резултираше со повисока стапка на инфлација, објаснуваат од Евростат.
„Силниот ефект на ниската споредбена база во јули 2021 година беше очекуван бидејќи таргетирањето на даночните олеснувања врз потрошувачите пред една година ги намали цените на голем број стоки“, се вели во извештајот на статистичката служба.
Дополнителен фактор во скокот на инфлацијата минатиот месец беше порастот на цените на енергијата, изјави Кристоф-Мартин Маи, шеф на одделот за потрошувачки цени на Дестатис.
Во такви услови, цените на транспортот најмногу пораснаа во јули, за 9,8%, а потоа следуваат облеката и обувките, чии цени се зголемија за пет проценти.
Цените на храната, исто така, значително пораснаа, за 4,3% во споредба со јули минатата година.
Исклучувајќи ги флуктуациите во цената на енергијата, инфлацијата изнесуваше 2,9 %. Без енергија и храна, изнесуваше 2,7%.
На месечно ниво, цените се зголемија за 0,9 % во јули.
Мерено според усогласениот индекс на потрошувачки цени (HICP), користен за споредба на инфлацијата во земјите од ЕУ, цените во Германија се зголемија за 3,1%во јули во споредба со истиот месец минатата година. Споредено со јуни, тие се зголемени за 0,5%.