Повеќе од 5% пад на акциите на компаниите од областа на патувањата доведе до пад на европските акции денеска, бидејќи брзото ширење на новиот мутиран вид на коронавирус принуди воведување на построги мерки во Англија и забрана за патување од многу земји.
Паневропскиот индекс STOXX 600 падна за 1,9%, што е најголем пад во последните два месеци, откако Велика Британија воведе ефективна блокада и ги смени плановите за олеснување на мерките за време на Божиќ.
Лондонскиот FTSE падна 1,1%. Германскиот DAX има пад од 2,2%.
„Ова е еден голем негативен развој кој не беше земен во предвид“, вели Крег Ерлам, висок аналитичар во Oanda Europe.
„Овој нов вид сугерира дека не само што може да биде тука за неколку месеци, туку може да ги направи работите далеку, далеку полоши: повеќе ограничувања, повеќе блокади како што гледаме сега во Лондон и повеќе економски штети.“.
Канада, како и европските држави Германија, Италија и Холандија, наредија прекинување на летовите од Велика Британија, додека Франција воведе забрана и за товарни превозници.
Акциите на компаниите од областа на патувања и рекреација имаа најлош денеска во последните три месеци, при што акциите на „Бритиш ервејс“, „Луфтханза“ и туристичката компанија „Туи“, паднаа помеѓу 5,8% и 9%.
Заради падот на нафтата, големите енергетски компании БП, Тотал и Ројалд Дач Шел изгубија помеѓу 3,9% и 5,4% од својата вредност.
Дополнителен проблем создава и неизвесноста околу преговорите за трговск договор после Брегзит. На помалку од две недели пред Велика Британија да ја напушти Европската унија, ниту еден од нив не попушти доволно за да се постигне успех.
Влева надеж единствено тврдењето на некои научници дека новите вакцини би требало да бидат ефикасни и против новиот вид на корона вирус.
Меѓу ретките добитници беа акциите на некои компанииод областа на здравствени услуги и потрошувачки компании.
Извор: Ројтерс