Наградата „Дигитален шампион“ Комората ја доби за Проектот за дигитализација на процесите и издавање е-документи од страна на Комората, што им се потребни на македонските компании во надворешно-трговското работење.

Денеска во 14:30 часот, потпретседателката на Стопанската комора на Северна Македонија, д-р Елена Милевска Штрбевска, ќе ја прими наградата ДИГИТАЛЕН ШАМПИОН, на овогодишната редовна Министерска конференција на Светската трговска организација, во конкуренција на над 100 поднесени апликации од сиот свет. Таа ќе има и свое обраќање, а потоа ќе следи и официјалната објава од страна на трите реномирани институции.

Процесот на дигитализација го започнавме кон крајот на 2020 година и, во соработка со нашиот партнер „Некстсенс“ ДОО Скопје, во мај 2021 година успешно го завршивме, со интегрирано решение за дигитална трансформација на деловните процеси, што ќе ги замени сите хартиени процеси на подготовка и на издавање дигитални, безбедни, правно-обврзувачки и верифицирани документи. Нашата дигитална платформа е токму тоа.

Наградата е потврда за постигнатиот напредок во работата и претставува поттик за сите нас и натаму да продолжиме да ги развиваме своите напредни идеи и да им служиме на своите членки. Стратешка цел на Комората е да работи во интерес на своите членки, да поттикнува постојан напредок, преку воведување иновативни форми и методи на работа, и да ги зајакне сопствените капацитети.

„Комора на иднината“ претставува одговор на потребите на бизнис-заедницата да има силен партнер, кој со своето знаење и со експертизата ги рефлектира современите трендови и практики на дејствување во брзо и во динамично општество.

Компанините со овој проект добија скратување на времето потребно за добивање на документи за 82%, скратување на трошоците за поднесување и подигнување на документите на 0, без трошоци за печатење, добија дигитално потпишан документ во согласност со регулативата на ЕУ и бр. 910/2014 (регулатива eIDAS) и е компатибилен со стандардот PAdES (PDF Advanced Electronic Signature) за дигитално потпишување.

За нас не е изненадување што оваа награда доаѓа однадвор. Исус Христос уште пред 2000 години, според Евангелието на Матеј, кажал дека „секаде ќе добиеш признание освен дома“. На тоа ние само ќе додадеме дека ја почитуваме историјата, но ја претпочитаме иднината и ова го сметаме за поттик кој ни го покажува патот по кој ќе одиме.

Сите кои сакаат да го проследат свеченото доделување на наградата Дигитален шампион, можат да се регистрираат на следниот линк:

Digital Champions For Small Business Award Ceremony (zoom.us)

ПОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here