Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека од четврток Србија ќе забрани извоз на пченица, брашно, пченка и масло додека ситуацијата не се стабилизира.
Според Вучиќ, светот се наоѓа пред најголемата криза од 1945 година.
-“Во Европа луѓето се повеќе загрижени за пченката, Америка е повеќе загрижена за пченицата. И се чека одлуката на Путин и владата за тоа што Русија нема да извезува. Цените вртоглаво растат. Имаме предност во однос на пченицата и пченката. Од четврток повеќе нема да има извоз на пченица и брашно, пченка, нафта исто така бидејќи извозот на овие производи значчително се зголемил. Претходните два дена извозот на пченица и брашно толку скокна што мораме да го забраниме – изјави Вучиќ.
Според него, во овој момент Србија има резерви од 800.000 тони пченица, 1,5 милиони тони пченка, а годишните потреби 1.200.000 тони пченица, пред новата жетва во август.
“Сега сакаме да го избегнеме она што ни се случи во понеделникот. За еден ден имавме барање за 1/4 од вкупните резерви. За три дена извозот на масло за јадење скокна за 109 %.Tоа никогаш не беше случај, а цените отидоа на небо“, додаде Вучиќ.
Кога владата ќе процени дека сме безбедни, вели Вучиќ, тогаш може да се одобри извоз.
Србија е главниот пазар од каде Македонија увезува пченица, брашно и пченка.