Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапат за 3,5 денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Од вечерва на полноќ малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98 и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за 3,5 денари за литар и ќе изнесуваат 54 денари за ЕУРОСУПЕР БС-95 и 56 денари за ЕУРОСУПЕР БС-98.
Малопродажната цена на дизелот ќе изнесува 45,5 денари за литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство(ЕЛ-1) се зголемува за 2,5 денари за литар и ќе изнесува 33,5 денари.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 2,026 денари и килограм ќе изнесува 18,169 денари.
“Со оваа Одлука се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 8,51 %.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат зголемување кај бензинот во просек за околу 47,58% или за 73,800 $/тон, кај дизелот зголемување во просек за околу 41,13% или за 64,250 $/тон, кај екстра лесното масло зголемување во просек за околу 38,69% или за 53,900 $/тон и кај мазутот зголемување во просек за околу 24,73% или за околу 30,250 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати
е извршено соодветно прилагодување.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 56,8513 ден/$ и е за околу 0,025% понизок од курсот на доларот (56,8655 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка”, објаснуваат од Регулаторната комисија за енергетика.
Минатата недела на светските берзи најголемо зголемување имаше на цената на бензинот и тоа во просек за околу 47,58%, а кај дизелот зголемувањето е во просек за околу 41,13%.
Цената на екстра лесното маслопорасна во просек за околу 38,69%, додека кај мазутот се регистрира зголемувањево просек за околу 24,73 %.
Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот бележи незначителен пад за 0,025 %.